Претставници на Министерството за одбрана на САД сметаат дека дури и за американскиот ловец F-15С најновиот руски ловечки авион би бил сериозен противник, пишува „Вашингтон Тајмс“.
Во текстот се нагласува дека префрлувањето на новите ловци Су-35С во базата „Хмејмим“ ѝ овозможило на Русија да ја зголеми борбената ефикасност на ВКС РФ во ликвидирањето на терористите од „Исламската држава“, како и да ја тестира новата генерација авиони во непосредни борбени услови.
Информативната агенција „Регнум“, која ја пренесува оваа вест, потсетува декачетири ловци Су-35С се префрлени во воздухопловната база „Хмејмим“ во Сиријаи дека првпат ќе бидат тестирани во борбени услови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче