Американците ги споредија рускиот Ту-160 и американскиот Б-1Б „Лансер“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Национален Интерес“ (National Interest) објави компаративна анализа на рускиот бомбардер Ту-160 и неговиот американски „соперник“ Б-1Б „Лансер“.

Весникот нагласува дека овие авиони се слични по својот надворешен изглед, како и дека нивните улоги во принцип се совпаѓаат, но и дека меѓу бомбардерите постојат одредени разлики.

Б-1Б „Лансер“ дејствува на мали висини и едвај постигнува брзина од 1,25 маха. Затоа за него летовите над терен со силна противвоздушна опрема се недостапни. Меѓутоа, овој бомбардер може да добива радарски снимки од објектите на земјата и да кoристи оружје со висока прецизност. Со отпочнувањето на американските воени операции во Ирак и Авганистан машината го доби нишанскиот контејнер Sniper XR.

Рускиот Ту-160 е поголем и побрз авион. Освен тоа, тој има максимална полетна маса од 272 тона и развива брзина од преку 2,05 маха додека Б-1Б може безбедно да полета со тежина која не надминува 216 тони.

Рускиот бомбардер традиционално е наоружан со крстосувачките ракети со голем дострел Х-55 и може да носи 12 такви ракети. Меѓутоа, во Сирија авионот ја користеше длабоката модификација  Х-555 и тешко забележливите за радарите ракети Х-101. Бомбардерот во вооружувањето ја има и крстосувачката ракета со термонуклеарна боева глава Х-102.

„Национален Интерес“ инаку претходно истакнуваше дека Русија, со инсистирањето на модернизација на бомбардерот Ту-160М2, одбрала паметен и достапен начин на развој на стратешката авијација.

Ту-160 е најголемиот авион со променлива геометрија на крилата и е една од најсилните борбени машини на светот. Во 2015 година е најавена обнова на производството на стратешките ракетоносци во Казанската фабрика за производство на авиони. Кон крајот на минатата година од халата за финална монтажа беше префрлен новиот авион на тестирање на летањето. Како што се очекува, ефикасноста на Ту-160 по модернизацијата треба да биде зголемена за 60 отсто.

Погледнете го видеото: Путин воодушевен од првиот лет на бомбардерот Ту-160М „Петар Дејнекин”