Tu-160
Press PhotoПланирано е сериското производство на модернизираниот стратешки ракетоносач Ту-160М2 почне по 2021 година, изјави министерот за одбрана на Русија, генерал Сергеј Шојгу во Советот на Федерацијата, пренесува ТАСС.
„Планираме по 2021 година да почнеме сериско производство на модернизираниот стратешки ракетоносач Ту-160М2 кој може да врши напади врз објекти на копно во оддалечени стратешки реони без да влегува во зоните на дејство на системите за ПРО и ПВО”, изјави Шојгу.
Министерот исто така соопшти дека испораката на перспективниот авио-комплекс на фронтовската авијација Т-50 за војската ќе почне во 2019 година, а на противвоздушниот ракетен систем С-500 во 2020 година. „Испораката на војската од 2019 година на перспективниот авио-комплекс на фронтовската авијација Т-50 и од 2020 година на противвоздушниот ракетен систем С-500 ќе ја зголемат ефикасноста на борбата со современи средства за воздушно-космички напад”, рече Шојгу.
Според него, реализацијата на овие планови создава сигурна заштита од „молневит глобален удар“ на непријателот и обезбедува ненуклеарно одвраќање на секој агресор опремен со високи технологии.
„Постигнатото темпо ни овозможува да ја извршиме задачата што ни ја постави претседателот на Руската Федерација и до крајот на 2020 година постигнеме ниво на опременост на Вооружените сили со современо вооружување и техника до најмалку 70%. Тоа ќе ја задржи Русија на позицијата најразвиена држава во воен поглед“, додаде Шојгу.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче