Аналитичарите на изданието „Драјв“ (The Drive) истакнуваат дека бродот е граден на модуларен принцип и дека оружјето може да се менува во зависност од борбената задача, односно дали е во прашање можеби борба против пирати или изведување на офанзивни операции на море. Покрај артилерискиот систем АК-147МА со калибар 57 мм, митралези и противдиверзантскиот фрлач на гранати на системот ДП-65, на бродот, како што истакнува авторот на текстот Тејлор Роговеј, се наоѓа празен простор кој може да се искористи за распоредување на два ракетни комплекси „Калибар НК“. Тоа овозможува со осум ракети истовремено да се гаѓаат поморски и копнени цели на големи растојанија.
„Во Русија постојат корвети од типот „Бујан“, посебно брутални мали бродови, кои своите можности во лансирање на крстосувачки ракети со голем дострел првпат ги прикажаа Сирија од Каспиското Море 2015 година. Меѓутоа, модуларноста и можностите на противвоздушната одбрана на бродовите од Проектот 22160 се особено атрактивни, како и нивната способност да функционираат на отворено море во долги временски периоди“, наведува авторот на текстот.
Во проширената верзија на Проектот 22160 бродот има вертикален лансер за ракетниот систем „Штиль-1“ кој се поставува меѓу командниот мост и палубниот топ. Системот носи до 20 ракети 9M317ME.
Овој концепт е мошне иновативен и интересен за проучување за силите на западните воени морнарици. Тој би можел да биде извор на инспирација за повеќенаменските борбени бродови, се наведува во статијата.
Покрај тоа, наведениот аналитичар смета дека патролните бродови од модуларен тип за далечни морски зони на Проектот 22160 ќе бидат барани на светскиот пазар на оружје, а пред сѐ во Виетнам и Алжир.
Депласманот на бродовите од Проектот 22160 изнесува 1800 тони. Новите корвети можат да развијат брзина до 30 јазли и да поминат во пловидба до два месеци и да поминат шест илјади морски милји. Екипажот на новите патролни бродови ќе го сочинуваат 80 морнари. Планирано е во 2020 година во состав на Црноморската флота да влезат четири бродови од Проектот 22160: „Василиј Биков“, „Дмитриј Рогачев“, „Павел Державин“ и „Сергеј Котов“.