Противбродска ракета „Москит“.
Иљдус Гиљазудинов/Sputnik„Дел од новата Државна програма за вооружување која се однесува на морнарицата како еден од приоритетите ја наведува изградбата на корвети од Проектот 20385 и 20386 и фрегати од Проектот 23350 и 23350M со високопрецизно оружје кое вклучува ракети „Калибар-НК“ и хиперсонични ракети „Циркон“, изјави претставник на руската воена индустрија .
Ракетниот систем со хиперсонична ракета „Циркон“ е еден од проектите на руската воена индустрија кој е држен во најголема тајност. Првите информации за овој систем медиумите ги објавија во февруари 2011 година, а во март минатата година се појави податок дека во Русија почнале првите тестирања на поморско-хиперсоничната ракета „Циркон“. Дострелот на ракетата е 400 километри, а брзината е од 4000 до 6000 километри на час.
Планирано е по летачките и конструкциските државни испитувања да биде донесена одлука за прием на ракетите „Циркон“ во состав на вооружувањето на бродовите на руската Воена морнарица. Меѓу првите ракетата ќе ја добијат крстосувачите „Петар Велики“ и „Адмирал Нахимов“.
Странските воени аналитичари сметаат дека „Циркон“ претставува закана за морнариците на Велика Британија и САД, како и дека би можела да го промени односот на силите во светот.
„Современите средства за противракетна одбрана на британската Воена морнарица можат да соборуваат проектили кои се движат со максимална брзина од 3,7 илјади километри на час, што значи дека се немоќни против „Цирконите“, пишува „Дејли Меил“.
Зошто ракетата „Циркон“ е толку опасна за Западот, прочитајте во Медиум: рускиот „Циркон“ ќе ја претвори британската флота во старо железо
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче