Привршува тестирањето на новиот руски ловец Су-35С

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Тестирањето на повеќенаменскиот ловец Су-35С ќе биде завршено до крајот на 2018 година, изјавија од Министерството за одбрана на Русија.

Во завршната етапа од тестирањето ќе се оцени ефикасноста на комплексот за автоматско управување со авионот и примена на оружјето во најтешките маневри.

„Во Воздушно-космичките сили сега се тестираат повеќе од 50 авиони Су-35С. Руските пилоти во Сирија високо ги оценија квалитетите на овој ловец и неговите борбени карактеристики“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ за вооружување Јуриј Борисов на седницата на државната комисија.

Су-35С е најмодерниот руски ловец од генерацијата 4++ со врвни маневарски карактеристики. Има несекојдневни можности за маневрирање во воздушна борба, како и системи за откривање на противник оддалечен 400 километри. Борбените системи на авионот можат истовремено да следат 30 цели и да отворат оган врз осум цели.

Су-35С има 12 носачи на кои можат да се закачат осум тони ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“ со различен радиус на дејство. Авионот може да гаѓа цели и кога е надвор од зоната на дејство на системите за противвоздушна одбрана на потенцијалниот противник.

Во овој момент Воздушно-космичките сили на Русија имаат 52 ловечки авиони Су-35.

Погледнете ги сите тајни на Су-35 во една видеоснимка