Русија го зајакнува својот штит

Главниот изведувач на работите на проектот за противракетен штит е „Алмаз-Антеј“, кој ги има изградено С-300, С-400, а сега работи на С-500. Извор: РИА Новости

Главниот изведувач на работите на проектот за противракетен штит е „Алмаз-Антеј“, кој ги има изградено С-300, С-400, а сега работи на С-500. Извор: РИА Новости

С-500 и A-235 „Смолет-М“ („Авион-М“) се подготвени да го затворат и да го заштитат небото над Русија и над ЗНД од балистички ракети. С-500, кој со помош на суперкомпјутер ќе ја чува Москва, ќе може истовремено да уништи и до десет балистички цели, вклучително и боеви глави на суперсонични крстосувачки ракети.

Во рамките на усовршување на системот за воздушно-космичка одбрана, Русија ги консолидира своите единици за противракетна одбрана и за контрола на вселенскиот простор. Веќе неколку години се одвива формирање на единствен систем ПВО/ПРО, кој треба да овозможи одбрана не само на територијата на РФ, туку и на земјите од Заедницата на независни држави. 

Планирано е во единствениот систем да влезат неколку елементи: комплексите со мал домет „Тунгуска“, „Тор-М2“, Панцир-С-1“, „Бук“ и „Морфеј“, со среден домет С-300 и „Витез“, како и со далечен домет С-400, С-500, А-235 „Самолет-М“. 

ПВО ЗНД добива „космичко око“
Заедницата на независни држави ја очекува зајакнување на сопствената противвоздушна одбрана со дополнување на средства за одбрана од космички напад. Повеќе на оваа тема од извештајот на нашата колешка Екатерина Туришева.

Основни средства на воено-космичката одрана кои можат да се спротивстават на интерконтиненталните балистички ракети и на балистичките ракети со среден домет треба да бидат перспективните комплекси С-500 и А-235, модернизирани системи за противракетна одбрана на Москва. 

Позната е основната намена на ПВО комплексот С-500, а тоа е уништување боеви глави на балистички ракети од среден и далечен домет. С-500 ќе може да ги уништува на крајната делница од патот. Комплексот ќе биде опремен со радари кои ќе овозможат воочување на целите на оддалеченост од 900 километри. 

„Во овој момент ОАС Концерн за ПВО 'Алмаз-Антеј', кому му е доверено развивањето на овој систем, веќе има направено определени посебни средства С-500 и почна со нивно тестирање. Работите на создавање на системот во целост ќе биде завршено во догледно време, а првиот сериски примерок треба да стаса во единиците за неколку години“, изјави командантот на единицата за космичка одбрана Александар Головко. „Во рамките на Државната програма за вооружување планирано е купување на вкупно пет комплети на ракетниот систем С-500.“ 

Нема да помогне ниту вселенската брзина 

Според командантот на Военото воздухопловство на Русија, генерал-потполковник Виктор Бондар, С-500 истовремено ќе може да уништува до десет балистички цели, вклучително и боеви глави на суперсонични крстосувачки ракети. Притоа брзината на пресретнатите цели може да достигне до 7.000 метри во секунда. Само колку за споредба, првата вселенска брзина (брзина која е потребна за изведување на објект во Земјината орбита) изнесува 7.900 метри во секунда. 

Бундарев уште додава дека С-500 според својот потенцијал ќе ги надмине и домашниот С-400 и американскиот MIM-104F Patriot PAC-3. Комплексот ќе се користи за противавионско и за противракетно покривање на големите региони, на индустриски и стратешки објекти, ќе биде унифициран со постоечкиот систем за противракетна одбрана на Москва А-135 „Амур“, а тоа значи и со перспективниот А-235 „Самолет-М“. 

Хиперсонични ракети против воздушно-космичката одбрана
Генерал-полковникот Виктор Есин објаснува што се тоа хиперсонични ракети, каква опасност се заканува од нив доколку носат нуклеарни боеви глави и зошто постоечките системи за воздушно-космичка одбрана се неупотребливи против нив.

На почетокот комплексот С-500 ќе користи ракети од комплексот С-400 „Триумф“ кои веќе постојат во вооружувањето. За ова во февруари 2011 година зборуваше тогашниот заменик-министер за одбрана Владимир Поповкин. 

Москва ќе ја бранат суперкомпјутери 

Експерименталните и школско-борбените тестирања на новиот ПРО на Москва А-235 започнаа во 2013 година. Според прелиминарните податоци, „Самолет-М“ ќе добие модернизирани ракети-пресретнувачи 53т6 кои сега ги користи „Амур“. Притоа противракетите на новиот систем ПРО ќе можат да носат како кинетички, така и нуклеарни боеви глави. 

Договорот за создавање на системот А-235 беше склучен во 1991 година. Главниот изведувач на работите на проектот е „Алмаз-Антеј“, кој ги има изградено С-300, С-400, а сега работи на С-500. Веројатно А-235 ќе добие суперкомпјутер „Елбрус-3М“, радар „Дон-2Н“ и два ешалона противракети со далечен и среден домет. Сите основни параметри на системот кој е во изработка се чуваат во строга тајност, но логична е претпоставката дека системот С-500 ќе може да разменува податоци со „Самолет-М“, што ќе овозможи подобрување во прецизноста при уништувањето цели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња