Руската војска во 2019 година добива системи С-500

Сериските испораки на најновиот ПВО-систем С-500 „Прометеј“ во Вооружените сили на Русија ќе почнат во 2019 година, изјави заменик-генералниот директор за производствено-технолошка политика на АД „Концерн ВКО „Алмаз-Антей“ Александар Ведров.

„Во 2019 веќе ќе има сериски испораки“, изјави Ведров, пренесува „Взгљад“.

Во април во „Алмаз-Антеј“ изјавија дека најновиот руски противвоздушен ракетен систем С-500 ќе може да неутрализира цели во височина до 100 километри над Земјата.

Според британските медиуми, C-500 е „застрашувачки арсенал“ кој може да претставува „голема закана“.

Министерството за одбрана на Русија претходно изјавуваше дека првиот примерок на системот С-500 се очекува до 2020 година.

С-500 е наменет за уништување и балистички, и аеродинамични цели. Радиусот на погодување на целите е 600 километри. Покрај тоа, ќе може да открива и неутрализира до 10 балистички суперсонични цели истовремено.

Во Вооружените сили на Русија веќе се обучуваат специјалисти за работа на системите С-500.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња