Вооружени до заби: Какво оружје Русија добива наредните 7 години?

Лансирен систем „Искандер-М“ на воена вежба.

Лансирен систем „Искандер-М“ на воена вежба.

„Комсомолскаја правда“/RIA Novosti
Русија до 2025 година ќе потроши 315 милијарди долари за создавање нови оружени системи. Меѓу нив ќе бидат авионите-ловци од петта генерација, а можеби и најголемиот на светот носач на авиони.

Владимир Путин наскоро ќе го потпише претседателскиот указ со кој се дефинира колку пари од 2018-2025 година ќе бидат издвоени за руската морнарица, воздухопловството и копнената војска. Парите ќе бидат потрошени за создавање на нова генерација на оружени системи, како што е новиот стратешки бомбардер ПАК ДА, кој може да носи ракети чиј дострел е 5000 километри, што значи дека терористичките позиции на Блискиот Исток можат да бидат уништени од Русија. Парите исто така ќе го поттикнат производството на нетрпеливо очекуваните ловци од петта генерација Су-57 и тенковите на „новото време“ - Т-14 „Армата“.

Бродови за руската флота

Малиот ракетен брод „Град Свијажск” истрелува ракета „Калибар” на завршната воена вежба на бродските единици на Касписка флотила.

Ќе се градат и модерни бродови. Главно станува збор за помали крстосувачи кои ќе носат крстосувачки ракети. Рускиот Проект 22800 е нова подморница изградена според стелт-технологија. Ќе се направат 18 вакви пловила, а секое ќе може да носи крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“. Првите нови бродови го изненадија целиот свет кога во 2015 година Касписката флотила истрела серија ракети „Калибар“ директно врз терористите во Сирија. Пред да ја погодат целта, ракетите прелетаа околу 1500 километри над Иран и Ирак. Секоја таква ракета содржи 500 килограми експлозив и прави „кратери“ широки неколку стотици метри. Дострелот на „Калибар“ изнесува 2500 километри, а прецизноста 30 метри, така што ова е еден од најсмртоносните видови современо оружје. Руската флота ќе добие и нови дизел-електрични и нуклеарни подморници вооружени со интерконтинентални балистички ракети, како и серија на бродови за снабдување, корвети, фрегати и помали научноистражучки бродови. Останува отворено прашањето дали Министерството за одбрана на Русија ќе добие пари за најголемиот носач на авиони во светот, наречен „Шторм“ (чини околу 7 милијарди долари). Овој брод ќе биде далеку поголем од американскиот брод „Џералд Форд“, кој може да носи 80 авиони. Ако биде направен, „Шторм“ ќе биде пловна воздухопловна база која ќе ја штити цела ескадра бродови. Палубата ќе има површина од околу 14 квадратни километри и 4 писти за авиони-ловци и бомбардери.

Нови авиони за военото воздухопловство

Ловец „Сухој“ Су-30СМ

Военото воздухопловство ќе добие засилување во вид на нови авиони, ловецот Су-35 и ловецо-бомбардер Су-34 кои имаа „огнено крштевање“ во руската воена операција во Сирија. Руските пилоти очекуваат дека ќе летаат и со суперманеварскиот Су-30СМ, кој за акробатски летови го користи групата „Руски витези“. Ќе пристигне и серија од најмалку 24 авиони Миг-35, а веројатно и „суперсерија“ авиони со напредна авионика за акробатската пилотска група „Стрижи“. Министерството за одбрана на Русија планира да инвестира многу пари во создавањето на стратешкиот бомбардер од нова генерација со ознаката ПАК ДА, кој ќе носи крстосувачки ракети.

Комплетирање на вооружувањето на копнените сили

Систем за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“.

Најважната новина во копнените сили ќе биде системот за противвоздушна одбрана С-500 „Прометеј“. Кога ќе биде направен, ќе ги замени сегашните ракети С-400 „Триумф“. Дострелот на „Прометеј“ е 400 километри. Тој може да соборува дури и цели во орбитата на височина од 100 км и истовремено да уништува 10 надзвучни цели кои летаат со брзина од 7 км во секунда. Во руската копнена војска застарените тенкови се заменуваат од модерните тенкови Т-14 „Армата“. Војската ќе добие и оклопни возила од нова генерација „Курганец-25“ и оклопни транспортери „Бумеранг“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња