Во Америка одбиваат да признаат дека рускиот „Кинжал” е хиперсонична ракета

YouTube
Руската аеробалистичка ракета „Кинжал” не е хиперсонична, затоа што не користи набојномлазен воздушно-реактивен мотор, заклучува американскиот воен експерт Дејв Маџумдар.

„Ниедна земја на светот нема создадено вистинска хиперсонична ракета со набојномлазен мотор. Тоа е нешто на иднината”, пишува Маџумдар за „Национален Интерес“. Меѓутоа, тој признава дека „Кинжал” постигнува хиперсонични брзини, како и тоа дека Русија е единствената земја на светот која располага со вакво оружје.

Според мислењето на американскиот експерт, руската ракета е варијанта на муницијата на аеробалистичкиот систем „Искандер”, која користи цврсто гориво и се наведува во текот на целиот лет. Маџумдар укажува на тоа дека на снимката што ја објави руското Министерство за одбрана оддели делови на ракетата не се добро видливи, очигледно со цел да се сокријат некои тајни компоненти.

Корисниците кои го коментираа текстот не се согласуваат со неговиот автор. „Сѐ што лета со брзина од преку 5 маха се движи со хиперсонична брзина. И ако „Кинжал“ постигнува 10 маха, тој е хиперсонична ракета”, пишува корисникот pietv.

За ракетата „Кинжал” првпат зборуваше Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание претходно овој месец. Новото оружје се наоѓа на пробна борбена експлоатација во Јужниот воен округ. Носач на ракетата е модифицираниот суперсоничен пресретнувач МиГ-31БМ. Веќе се реализирани повеќе од 250 летови.

Заменик-министерот за одбрана на Русија за прашања на вооружувањето Јуриј Борисов зборуваше подоцна за некои од можните цели на „Кинжалот“. Тоа се бродовите - од носачи на авиони до фрегати. Дострелот на „Кинжал“ од 2000 километри му овозможува на авионот-носач да остане надвор од зоната на дејство на непријателските ПВО-системи. Хиперсоничната брзина ѝ овозможува на ракетата брзо да ѝ се приближи на целта, додека добрата способност за маневрирање, која ѝ овозможува да ги заобиколува опасните зони, ја прави недофатлива за системите за ПВО и ПРО.

Прочитајте повеќе: Лансиран недофатливиот „Кинжал“: Како руската хиперсонична ракета ги ужасна Британците

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња