Маневри на Тихоокеанската флота: Руските пилоти првпат „во лов“ на подморници на Арктикот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пилотите на противподморничката авијација на Тихоокеанската флота со база на Камчатка, увежбуваа на маневрите детектирање подморници на условен противник во арктички услови.

Како што истакнува претставникот на Тихоокеанската флота на Русија капетан втора класа Николај Воскресенски вакви вежби се изведуваат првпат.

Екипажите на противподморничките авиони Ил-38 покрај тоа првпат се најдоа во воздух максимално долго на арктички географски ширини. Тие бараа и класифицираа подморници на условен противник и ги следеа со помош на радарски и хидроакустички средства. А потоа извршија условно бомбардовање и на тој начин ги проверија системите за противподморничко вооружување. 

„Во новите услови пилотите ја усовршуваа вештината на усогласено заедничко летање на екипажите и летање на зададена маршрута во услови на отсуство на наземни радиотехнички средства за навигација и ориентација“, нагласи Николај Воскресенски. 

Противподморничкиот авион Ил-38Н е произведен во обединетото конструкторско биро „Илјушин“ врз база на патничкиот Ил-18Б. Наменет е за пронаоѓање и уништување на подморници, поморско извидување и операции за пребарување и спасување. Опремен е со современиот систем за детекција и нишанење „Новела-П-38“. Може да открие воздушни објекти на оддалеченост од 90 километри, а поморски на дистанца дo 320 километри. Екипажот го сочинуваат седум члена.

Прочитајте повеќе: Како руската авијација ги следи непријателските подморници