Ту-142 и Ил-78
Ваља Егоршин/ZUMAPRESS.com/Global Look PressВо маневрите се користени противподморнички авиони Иљушин Ил-38, противподморнички авиони Туполев Ту-142 и Ту-142М3, ловци-пресретнувачи МиГ-31 и морнарички хеликоптери Камов Ка-27, како и беспилотни летала „Орлан-10“.
За тоа како целиот овој арсенал, но и другите сили во состав на Тихоокеанската флота, се применуваат во потрага по непријателски подморници, за медиумите зборуваа поранешниот командант на Црноморската флота на Русија адмирал Владимир Комоедов и воениот експерт, главен и одговорен уредник на списанието „Арсенал Отечества” Виктор Мураховски.
Според некои податоци, Тихиот океан во близина на рускиот Далечен Исток го крстосуваат од 10 до 18 стратешки подморници од класата „Охајо“ на американската Воена морнарица. Земајќи ги во предвид огромните водени површини, како и прикриеноста на подморниците, за нивно откривање и следење е потребно секогаш да се има во приправност значителен арсенал.
„Главните офанзивни сили на Тихоокеанската флота се подводните стратешки носачи на ракети. Во состав на флотата се наоѓаат три „Каљмари“ (проект 667БДР) и два нови „Бореја“ (Проект 955). Тие се во состав на 25-та дивизија подморници. Главната задача на Тихоокеанската флота е да им овозможи на подморниците да заземат борбени позиции во случај на потреба. А за тоа е потребно да се држи под неприкосновена контрола подрачјето на Охотското море“, истакнува Виктор Мураховски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче