Скриншот
На островот Матуа е обновен аеродромот на кој можат да слетуваат авиони и хеликоптери во секое доба од денот и ноќта, соопшти ТВ-каналот „Ѕвезда“.
Министерството за одбрана на РФ и Руското географско друштво минатата година почнаа сериозна акција за урбанизација на островот затоа што рускиот воен врв планира таму да ги базира силите на Тихоокеанската флота.
Секоја година на Матуа пристигаат експедиции на Министерството за одбрана и Руското географско друштво. Годинава експедицијата престојуваше на островот во мај.
Во неа учествуваа големиот десантен брод „Адмирал Невелски“, товарниот брод КИЛ-168 и спасувачкиот реморкер „СБ-522“. Во експедицијата зедоа учество околу стотина припадници на Тихоокеанската флота и членови на Руското географско друштво.
Покрај тоа, на бродовите имаше повеќе од 30 технички средства неопходни за оваа истражувачка мисија.
Имаше и интересни пронајдоци. На пример, во близина на островот на дното е пронајден брод со непознато потекло, како и американска подморница од Втората светска војна.
На островот се пронајдени остатоци од фортификациски објекти изградени од Јапонците.
Министерството за одбрана планира на островот Матуа да направи голема воено-поморска база на Тихоокеанската флота со целата потребна инфраструктура. Во рамките на таа програма е обновен и аеродромот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче