МиГ-31
Вадим Савицки/Global Look PressПоморската авијација и силите за противвоздушна одбрана на Тихоокеанската флота догодина ќе бидат обединети во рамките на моќна армија чија база ќе се наоѓа на Камчатка, изјавија од Министерството за одбрана за весникот „Известија“.
Формирањето на новата армија ќе почне наредната година, а во нејзиниот состав ќе се најдат воздухопловните, противвоздушните ракетни и радиотехничките сили. Зоната на одговорност на новата формација ќе го опфати подрачјето од Северните Курили до арктичкиот остров Врангел, пишува „Взгљад“.
Паралелно со создавањето на новата формација се менува и структурата на воздухопловните сили. Во состав на комбинираните авијациски полкови паралелно со ескадрилите од противподморнички и транспортни авиони, ловци, извидувачки авиони и ракетоносци ќе бидат опфатени и единиците со беспилотни летала.
Групацијата на новата армија ќе биде базирана во 317 комбиниран воздухопловен полк стациониран во Елизово кај Петропавловск Камчатски и 43 ПВО дивизија лоцирана на тој простор. Во состав на авиополкот се наоѓа ескадрила противподморнички авиони со модернизирани Ил-38Н „Новела“ и ловци-пресретнувачи на големи висини Миг-31. Во состав на 53 ПВО дивизија влегуваат и радиотехнички и зенитните ракетни полкови.
Силите на авијацијата и противвоздушната одбрана под единствена команда ќе можат експедитивно да ги следат сите закани во својата зона на одговорност и ефикасно да им се спротивставуваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче