Руските конструктори направија задхоризонтен радар „Сончоглед“ за Арктикот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новата модификација на радарската станица „Подсолнух“ (Сончоглед) е направена за експлоатација во условите на арктичкиот регион, соопшти прес-службата на рускиот концерн РТИ, една од најголемите компании во одбранбената индустрија во светот.

Информациите за тоа дека Воената морнарица на Руската Федерација развива „Подсолнух“ кој ќе има подобрени можности за контрола на крајбрежниот појас се појавија во ноември 2016 годна. Оваа радарска станица може да контролира зона од 200 милји. Во автоматски режим надвор од радио-хоризонтот таа може да открие, следи и класифицира до триста пловни и воздушни објекти истовремено. Во состојба е, исто така, да ги пресмета координатите и врз основа на нов да одреди цели за комплексите и системите на вооружување на бродовите и средствата за противвоздушна одбрана.

Главната карактеристика на радарската станица „Подсолнух“ е нејзиното набљудување зад хоризонтот што овозможува да се откриваат цели кои не се гледаат со голо око.

Радарот „Подсолнух“ е тестиран 2006 година. Во руската воена морнарица се наоѓаат неколку вакви радарски станици. Тие се инсталирани на бреговите на Каспиското, Јапонското и Охотското море.

Крајбрежниот задхоризонтален краткобранов радар „Подсолнух“, работи на физички принцип на ползечки бран или дефракција. Се состои од неколку редови меѓусебно врзани радарски столбови. Основната намена им е набљудување на поблискиот и подалечниот крајбрежен појас и површината на морето, па поради тоа првенствено се наоѓа во единиците на морнарицата, и тоа на крајбрежната одбрана каде што е поврзан со ракетите „земја-море“ (на пр. „Бастион“) како и системите за ПВО и ПРО со голем дострел С-400.

Прочитајте повеќе: Русија создава супермоќна радарска станица