Пентагон: Немаме заштита од руското хиперсонично оружје

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
САД немаат со што да му се спротивстават на руското хиперсонично оружје, изјави шефот на Стратешката команда на Вооружените сили на САД генерал Џон Хајтен во американскиот Сенат.

„Ние немаме никаква заштита која би спречила таквото оружје да биде употребено против нас“, ги пренесуваат медиумите зборовите на Хајтен повикувајќи се на „Бизнис Инсајдер“.

Според зборовите на американскиот генерал, неговата земја не располага со средства за непосредна заштита од хиперсонично оружје и единствената заштита всушност е „заканата со нуклеарна одмазда“.

„Ние би одговориле со силите за одвраќање кои ја вклучуваат тријадата и нуклеарните можности кои ни се на располагање заради реагирање на таквите закани“, објасни Хајтен на расправата во Комитетот за прашања на Вооружените сили на американскиот Сенат.

Хајтен нагласи дека, додека САД допрва разгледуваат и развиваат соодветни видови на вооружување, Русија и Кина оствариле импресивни успеси во таквите програми.

„И Русија, и Кина агресивно ги истражуваат хиперсоничните можности. Ние ги следевме тие тестирања“, ги предупреди тој конгресмените.

Претседателот на Русија Владимир Путин во неодамнешното годишно обраќање до Федералното собрание зборуваше за руското хиперсонично оружје. Притоа тој истакна, меѓу другото, дека Русија на почетокот на декември успешно тестирала авионско хиперсонично оружје (системот „Кинжал“), десет пати побрзо од звукот, на кое ниедна ПВО не му може ништо, и потоа го вовела во состав на вооружувањето во авиобазите на југот на земјата.

Прочитајте повеќе: Во Америка одбиваат да признаат дека рускиот „Кинжал” е хиперсонична ракета