Најевтиниот автомобил на метан: Lada Granta CNG догодина на рускиот пазар

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата АвтоВАЗ планира да почне со производство на седанот Lada Granta CNG на метан и бензин и на тој начин да се вклучи во програмата за субвенционирана продажба на возила на гас што ја понуди руската влада.

Шефот на одделението за автомобили за специјална намена на АвтоВАЗ Сергеј Ивлев изјави дека оваа компанија има во план догодина да почне со производство на моделот Granta CNG на гас и бензин кој ќе чини 600 илјади рубли (околу 8500 евра) а со едно полнење ќе може да помине околу 1050 километри. Владина програма за субвенции би можела да ѝ помогне на фабриката во пласманот на масовниот пазар на автомобили на метан.

Ивлев уште додаде дека појавата на седанот Vesta на гас и бензин претставува прва фаза од преминувањето на автомобилите на оваа фабрика на течен гас. Како втора фаза тој го нарече производството на поскапи автомобили како што се караваните и комбето Largus годинава, како и на економичниот лифтбек Granta CNG наредната година.

Двата резервоара на „Лада Гранта“ на метан можат да примат 100 литри гас, при што се задржува стандардниот бензински резервоар за класично гориво од 50 литри. Во зависност од ситуацијата возачот може да користи гас или бензин, што се регулира од кабината на автомобилот со притискање на копче. Вкупната количина бензин и гас му овозможувана возилото да помине 1050 километри до следното полнење. Користењето на гасот ја намалува силата на моторот за 10%, но го зголемува ресурсот.

Прочитајте повеќе: „Лада Гранта” на трето место на германска ранг-листа на автомобили