„Лада Гранта“ и „Рено Логан“ ќе станат еден автомобил

SpeedMe — Life!/YouTube
Во наредниве неколку години „АвтоВАЗ“ планира да претстави неколку нови модели. Се зборува дека меѓу новитетите ќе биде и втората генерација на „Лада Гранта“.

Како што објави порталот „Руски автомобил“ (Русский автомобиль), рускиот автомобилски гигант почна да работи на нова генерација на моделот „Лада Гранта“ која делумно ќе биде компатибилна со следната генерација „Рено Логан“.

Се претпоставува дека унапредената верзија на автомобилот ќе се појави во продажба најрано во 2021 година.

Во наредните неколку години „Гранта“ ќе биде подмладена, а унапредениот модел би можел да биде претставен веќе следната година. Упатените тврдат дека по редизајнирањето моделот „Калина“ би можел да го смени името во „Гранта“. Во тој случај, „АвтоВАЗ“ најверојатно ќе се откаже од хечбек моделот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња