Во Москва стартуваше првиот каршеринг со домашни автомобили „Лада Гранта“

carusel.club
Ценовникот за изнајмување на автомобил на краток рок е според возачкото искуство.

Во Москва почна со работа „Карусел“, првиот сервис за каршеринг кој изнајмува домашни автомобили „Лада Гранта“.

Според информациите од сајтот „Карусел“ нуди возила со клима, електрични ретровизори, паркинг уред и седишта со греење. Исто така имаат автоматски менувачи и вградени „компјутери“.

Пет рубли за минута плаќаат лицата постари од 21 година, со возачки стаж над две години, додека за оние кои имаат над 19 години и поседуваат возачка дозвола помалку од две години, цената изнесува осум рубли за минута.

„Карусел“ во понудата има 103 автомобили и тоа главно во југоисточниот дел на Москва. Проширувањето на возниот парк на повеќе од 200 возила се очекува до крајот на овој месец.

Градските власти на Москва кон крајот на април ги променија правилата во врска со големината на возилото, така што каршеринг сервисите сега во понудата можат да имаат автомобили од домашно производство. Бидејќи се зголемени максималните димензии, можат да се изнајмат и возила на АвтоВАЗ кои претходно не беа во согласност со пропишаните димензии.

Прочитајте повеќе за технологиите во Москва.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња