УР-77 „Метеорит“ познат како „Змејот Горинич“.
Виталиј КузминНа снимката е прикажано излегувањето на техниката на позиција, истрелување на ракети со експлозивен гајтан, моќна експлозија и заземени позиции на терористите. Во објаснување на видеото се наведува дека системот УР-77 е применет за уништување на утврдени позиции и тунели на терористите во близина на Ел Рејхан. Владините сили успеаја да ги заземат стратешки важните објекти (вклучувајќи ја и џамијата) во оваа населба и на неговата периферија.
Исто така се соопштува дека овде имало добро утврдени одбранбени позиции и тунели. Веројатно поради тоа е ангажиран „Змејот Горинич“.
УР-77 е направен врз база на самоодната хаубица 2С1 „Гвоздика“. Со моќен бран екпслозии тој прави широки премини на противтенковски мински полиња. Експлозивните полнења се сместени во долгиот гајтан кој ракетата истрелана во правец на минското поле го влече со себе. Во Сирија, меѓутоа, „Змејот Горинич“успешно се применува за уништување на утврдени позиции на терористите.
Самоодниот уред УР-77 носи две полнења (црева од по 90 метри) со повеќе од 700 килограми пластит во секое од нив. Откако ќе се активираат, тие се размотуваат и паѓаат на потребното место. Експлозијата ана оваа муниција ги активира и поставените околни противтенковски мини и со тоа овозможува премин широк околу шест метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче