Русија го тестира „Огнениот змеј“ на Далечниот Исток

Виктор Толочко/TASS
Руските воени инженери успешно извршија тестирање на системот за деминирање УР-77 „Метеорит“ попознат како „Огнениот змеј“ или „Змеј Горинич“. Видеоснимката од тестирањето во Приморскиот крај на рускиот Далечен Исток ја објави ТВ „Ѕвезда“.

Војската доби задача на вежбите да постави премин преку река, поради што беше потребно да се неутрализира минско поле на брегот.

Самоодниот реактивен систем за деминирање УР-77 „Метеорит” истрелува гајтан со експлозив неколку десетици метри нанапред и така за неколку секунди на тесно парче земја не останува ниту една противпешадиска мина.

Погледнете како рускиот „триглав змеј“ уништи терористички снајпери во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња