Уште пострашна машина: „Хеликоптери на Русија“ ќе создадат „Супералигатор“!

Наука и технологија
СЛОБОДАН ЃУКИЌ
Длабокомодернизираниот ударен хеликоптер „Алигатор“ со верзија Ка-52М планира да ја здогледа светлината на денот во периодот помеѓу 2021-2022 година, соопшти генералниот директор на холдингот „Вертољоти Росии“ („Хеликоптери на Русија“) Андреј Богински. Ќе се одликува со мошне поквалитетен офанзивно-навигациски систем, а исто така и со противелектронски комплекс за заштита на хеликоптерот и мошне поголема носивост на борбени средства.

„Министерството за одбрана ни даде таква задача. Мислам дека тоа ќе биде во периодот помеѓу 2021-2022 година. Станува збор за длабока модернизација“, истакна Богински на прашањето на новинар за роковите кога модернизираната варијанта на хеликоптерот би можела да полета. Тој напомена дека најголемите зафати на модернизација ќе бидат направени на офанзивно-навигацискиот систем, пред сè на унапредување на навигацискиот систем и особено на проширување на пакетот на новото вооружување кое моментално е во фаза на развој.

„Разработката на модернизираната верзија на хеликоптерот Ка-52М не значи дека не работи на тековно унапредување на постојните хеликоптери Ка-52 „Алигатор“. Тука ни е особено драгоценото борбено искуство на нашата техника во Сирија. Само во реални борбени услови може да се добие јасна процена дали применетите решенија имаат своја вредност или не“, вели Богински.

Според него, холдингот „Вертољоти Росии“ постојано ги унапредува своите хеликоптери, земајќи ги предвид најновите борбени искуства на пилотирачкиот и инженерско-техничкиот состав. Во координација со холдингот „Швабе“ направена е преодна модификација на системот за управување со оган. „Во блиска иднина ќе направиме длабока модернизација на комплетниот систем за управување со огнот што ќе овозможи зголемување на далечината во распознавањето и откривањето цели. Ова е втора фаза на нашите активности, која всушност сега ја спроведуваме“, цели директорот на холдингот „Вертољоти Росии“.

Тој особено истакна една од најважните задачи кои се поставуваат пред модернизираната верзија на „Супералигаторот“. Тоа е техничката интеграција на хеликоптерот со новата генерација на наведувачкото вооружување кое треба да влезе во оперативна употреба.

„Наша задача е во комплет да ја унифицираме оперативната примена на ново оружје со различни типови борбени хеликоптери што ги произведуваме. Конечно, во следниот период очекуваме и конкретни резултати кои се плод на сосема нови развојни проекти“, гордо напомнува Богински.

Да потсетиме дека Министерството за одбрана обезбеди финансиски пакет за купување 114 ударни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ со последна модификација. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана на РФ, докторот на технички науки Јуриј Борисов. Министерството за одбрана е исклучително заинтересирано за верзијата со максимален пакет опрема и најново ракетно вооружување кое се развива за офанзивните хеликоптери. Значи, според сè руската војска ќе добие хеликоптери од типот Ка-52М кој во определени медиуми ги нарекуваат „Супералигатори“ или „Кајмани“. Овие хеликоптери ќе имаат многу поспособен офанзивно-навигациски систем, најнов електронски систем за заштита од ракети од класата воздух-воздух и земја-воздух, како и поголема носивост на борбен товар, што во целина значајно ќе ја зголеми неговата тактичка употребливост и ќе го направи уште посилен. Министерството за одбрана на РФ особено се интересира за верзијата на хеликоптерот која ќе може да користи ракети со зголемен дострел 9К121М Вихр-М и особено „Гермес-А“, што ќе се обезбеди преку интеграција на најновиот нападно-навигациски блок на опрема.

Ка-52 „Алигатор“ („Хокум А“ според класификацијата на НАТО) е современ повеќенаменски хеликоптер, дизајниран за борбени средства во сите временски услови, дење и ноќе. Верзијата на хеликоптерот наменет за морнарицата ја носи ознаката Ка-52К „Катран“. Дизајнот на хеликоптерот го осмислија инженерите од бирото „Камов“ врз основа на претходната верзија Ка-50 „Црна ајкула“. Познат е по коаксијалниот мотор кој инаку е препознатлив кај семејството хеликоптери од типот Камов. Хеликоптерот е опремен и со седишта за катапултирање.

Прочитајте уште: Руски мегафабрики: Хеликоптери за целиот свет