„Со оглед на задачите кои стојат пред Министерството за одбрана на Русија, според нашео мислење, постои потреба како од модернизирани хеликоптери Ми-14, така и од перспективен хеликоптер-амфибија“, се вели во соопштението на компанијата што го пренесува „Лента.ру“.
„Хеликоптери на Русија“ се подготвени да ги задоволат сите потреби на поморската авијација на Воено-поморската флота на Русија, предвидени при подготовката на предлогот за државната програма за вооружување за 2018-2025 година.
На 20 јуни се дозна дека војската е заинтересирана за обнова на производството на хеликоптерот-амфибија Ми-14 на ново технолошко ниво и дека за ова прашање се одржуваат активни консултации. За можно враќање на производството на Ми-14 во верзија за потрага и спасување компанијата „Хеликоптери на Русија“ првпат соопшти во јули 2015 година. За место на производство е предложен Заводот за производство на хеликоптери во Казањ.
Повеќенаменскиот поморски хеликоптер-амфибија со крајбрежно базирање Ми-14 е создаден врз основа на дизајнот на Ми-8 и се произведуваше од 1973 до 1986 година, во основа за антиподморничко војување (Ми-14ПЛ) и за потрага и спасување (Ми-14ПС), и како миночистач (Ми-14БТ).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче