„Калашников” наскоро почнува со сериско производство на новиот пиштол „Лебедев“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Калашников” почна проект за организација на новите производствени капацитети за подготовка на сериското производство на пиштолот „Лебедев“.

„Ижевскиот механички завод” во состав на концернот „Калашников” во најскоро време ќе почне со сериско производство на новиот пиштол „Лебедев“. Ова денес го соопшти извршниот директор на компанијата Александар Гвоздик на презентацијата на инвестициската програма на претпријатието.

„Сериското производство на пиштолот „Лебедев“ ќе почне во најскоро време“, рече тој.

Според податоците на прес-службата на концернот, во моментов во претпријатието е почната организацијата на новите производствени капацитети за подготовка на сериското производство на пиштолот „Лебедев“, во завршна фаза се проектирањето и подготовката на пиштолот за контролните тестирања.

Прототипот на пиштолот ПЛ14, чиј концепт е изработен во соработка со стручњаци од безбедносните структури и водечките спортски стрелци, првпат беше претставен на меѓународниот военотехнички форум „Армија-2015”. За новиот пиштол, кој користи муниција калибар 9x19mm парабелум, карактеристична е малата дебелина. Таа се движи од 21 милиметар во предниот дел на пиштолот до 28 милиметри во делот каде што се наоѓа дршката.

Погледнете го тестирањето на експерименталниот пиштол PL-15