Ова на конференцијата за печатот во Петрозаводск го соопшти раководителот на центарот за експедиции на МО Евгениј Бињуков. Одредот ќе го предводи познатиот истражувач од Карелија Виктор Симонов кој во 2013 година со уште попознатиот Фјодор Коњухов на кучешки запреги го помина патот од Северниот пол до брегот на Канада.
Пет членови на експедицијата се војници на Северната флота, Рјазањската воена школа на Воздушно-десантните сили и Воениот институт за физичка култура. Патниците ќе поминат 1400 км од ’ртот на Арктичкиот архипелаг Северна Земја до Северниот пол. Тоа растојание според планираното треба да го поминат за 40 дена.
„Главната задача е да се подготват стручњаци за арктичките единици. Покрај тоа, ќе продолжат да истражуваат како функционира човечкото тело на толку ниски температури. Членовите на походот ќе изведат низа научни експерименти: ќе користат беспилотни летала за надгледување на територијата, нови радиоприемници, модерни средства за прва помош“, рече Бињуков.
Главниот предизвик ќе бидат ниските температури и поларните мечки, додава водачот на експедицијата Виктор Симонов. „Но учесниците не се обични војници и тие навикнаа на такви потешкотии. Сепак, ќе биде многу тешко“, додаде тој.
Походот е посветен на 50-годишнината на американско-канадската експедиција предводена од Ралф Плејстед. Тоа е првата и до денешен ден единствена експедиција која дошла на Северниот пол на моторни санки. Патниците ќе тргнат во периодот од 6 до 16 април.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче