A view of the Russian North Pole drifting ice station before being evacuated from an ice floe in the Arctic Ocean, 2015.
Артјом Геодаќан / ТАССВо Русија се направени микророботите кои се тешки 8 до 10 килограми, кои можат да се пуштат под мразот на Арктикот. Во тек се првите испитувања. Ова за ТАСС го изјави началникот на Главниот научноистражувачки центар за роботехника на Министерството за одбрана на Русија Сергеј Попов.
„Посебен правец претставуваат микророботите, истражувачките апарати во џебен формат, кои се тешки 8 до 10 килограми и кои можат да реализираат истражувачки мисии во траење до четири часа и на растојание до четири километри од точката на пуштање“, изјави тој.
Попов објаснува дека роботите можат да се пуштат „директно под мразот од рака, каде ќе се вратат по извршувањето на истражувачката мисија“.
„Овие апарати се веќе изработени и се во тек на првите тестирања. Специфичност на овие мали роботи е можноста да работат како заедно, така и со други подводни апарати кои се наоѓаат во реонот на истражувањата“, истакнува првиот човек на Центарот.
Колективното користење на овие микророботи, според него, ќе овозможат да се прошират можностите на арктичките експедиции и сфери на океанолошките истражувања.
Попов истакна дека денес за работа на Арктикот се неопходни високотехнолошки поморски технички средства кои можат да работат во редок мраз, како и меѓу густи санти мраз, да решаваат задачи од оперативната хидрографија и да „служат како ретранслатори на податоци за цивилните центри за обработка на информации и за објектите на Министерството за одбрана“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче