Влекачот на гасеници „Витез“ за време показното возење во рамките на Меѓународната изложба на воена опрема, технологии и оружје на копнените сили VTTV-Омск-2005 во новиот изложбен комплекс „Каскад“ во Омск.
Валериј Гашеев/ТАССНа воената парада по повод Денот на победата руските воени сили, освен веќе познатите тенкови „Армата“ и ЗРК С-300, ќе покажат нова специјализирана воена опрема, наменета за водење на борба во условите на крајниот Север.
„Пошироката публика за прв пат ќе може да ја види новата техника за противвоздушна одбрана - зенитно-ракетниот комплекс „Тор-М2ДТ“ и зенитниот ракетно-топовски комплекс „Панцир-СЕ“, како и машини за одржување“, изјави за новинарите на почетокот на април главниот командант на Копнените сили, генерал-полковник Олег Саљуков. Според него оваа техника ќе може да ја брани Русија во сложените метеоролошки услови на Арктикот со целосно отсуство на патишта и далечни бази за одржување. Досега Арктикот никогаш не бил сцена на борбени дејствија, но потенцијалните судири меѓу глечерите и во тундра можат да бидат поврзани со бројни тешкотии, условени од специфичната клима на овие територии.
„Панцир-СА (Арктик), систем за противвоздушна одбрана, во текот на пробите за Денот на Победата. Извор: Евгениј Бјатов/РИА „Новости“
Најголемите проблеми на Арктикот се проодноста на техниката и нејзината издржливост на ниски температури.
Прво, назима температурите во регионот можат да паднат до -60°С. При таков студ техниката едноставно се распаѓа: подмачкувањето на елементите се згуснува, гумата станува кршлива како стакло, електрониката престанува да работи.
Второ, влијае и релјеф. Под снегот можат да се наоѓаат огромни карпи и цели незамрзнати мочуришта.
Во руските конструкторски бироа се создадени и е започнато сериското производство на специјализирани армиски теренци, прилагодени на условите на крајниот Север. Еден од најинтересните модели е машината ДТ-10 „Витјаз“.
Дизајнираниот уште пред 30 години „Витјаз“ постојано се усовршува. Машината се состои од два зглобни модула. Тоа од една страна ја зголемува нејзината носивост до 10 тони, а од друга овозможува да се развие брзина до 40 км/ч, што, за условите на Арктикот, е доста висок показател. Последната иновација од креаторите на „Витјаз“ е што тој фактички веќе претставува борбена блиндирана платформа, прилагодена за носач на борбени офанзивни средства.
Другата иновација на руските конструктори е теренец со огромни тркала од 2 метри. Специјалните гуми значително го намалуваат притисокот врз почвата, што ѝ овозможува на машината со леснотија да совладува длабок снег, мочуришта и замрзнати речни корита. Од принципиелно значење за ваквата техника е високото ниво на автономија. Сите модели се така дизајнирани да можат да се во движење најмалку три деноноќија. Токму овој показател беше демонстриран во текот на неколкуте вежби на руските вооружени сили на Арктикот.
Во последните години се појави, не на шега, борба за Арктикот. Страните кои имаат излез на брегот на Северниот Леден Океан, отворено изразуваат претензии за нејзините богати природни ресурси. Во оваа ситуација Русија постојано ја зајакнува својата позиција на крајниот Север. На местото на старите советски воени бази се создаваат нови, опремени по последен збор на техниката. Најголемите од нив се наоѓаат на Новосибирските Острови и на Земјата на Франц Јосиф. Базите „Северна детелина“ и „Арктички трилистник“ се најсеверните во светот капитални градби, изградени по посебен проект. На нив постојано се на служба неколку стотици војници, обезбедени со сè што е потребно за година и половина живот во изолација од „големата земја“.
Руската воена база „Арктички тролист“ на Земјата на Александар од Архипелагот Земјата на Франц Јозеф. Извор: Вадим Савицки/РИА „Новости“
Токму овие бази се излезните точки за северните експедиции на руските војници. Во нив се концентрирани десетици единици техника, големи залихи на гориво и помош. Но, главната намена на базите е радиоелектронското разузнавање и контакт со борбената авијација, која го контролира небото над рускиот Арктик. Во перспектива претстои изградба на базни аеродроми, распоредување на бази со противбродски и противвоздушни системи, поставување на системи за комуникација со подморници. Доколку сево ова се оствари, рускиот краен Север ќе биде заштитен со сигурен штит од воздух, од копно и од вода.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче