Претходно медиумите исто така соопштија дека во Хмејмим слетале два ловци Су-57, но засега таа информација не е официјално потврдена.
Според Владимир Гутењов, шеф на комисијата на Државната дума за давање правна помош за развој на организациите на военоиндустрискиот сектор, појавувањето на напредните руски ловци во Сирија ќе биде фактор на одвраќање „за авионите на соседните држави кои периодично го нарушуваат воздушниот простор“ на таа земја.
Пред операцијата во Сирија корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ направи специјално за Су-57 нови типови ракети и наведувани проектили. Руските производители на оружје и Министерството за одбрана на РФ, меѓутоа, не откриваат кои нови видови вооружување ги тестираат овие авиони во борба. Не е соопштено ниту колку ќе чини приклучувањето на ловците од петта генерација на ова операција.
Авионите ќе бомбардираат цели од висина од најмалку 5000 метри, што значи дека не може да ги дофати ниеден преносен противавионски ракетен систем што го поседуваат терористите.