Авионите на 21 февруари слетале во воздухопловната база Хмејмим. „Фотографијата е направена за време на нивното слетување во базата Хмејмим“, објави корисник на „Твитер“ со фотографија од ловците.
Претходно блогерката Дијана Михајлова објави дека во Сирија на 21 февруари пристигнале и четири ловци Су-35С, како и авион за радарско откривање и команда А-50У.
На почетокот на февруари беше соопштено дека руската војска почнува пробна борбена примена на ловецот од петта генерација Су-57.
На 6 јануари почнаа летачките тестирања на десеттиот ловец од петта генерација Су-57, а кон крајот на јануари Су-57 почна летови со оружје од нова генерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче