Првиот лет на Су-57 со новиот мотор од втората фаза кој траеше 17 минути беше успешно реализиран на почетокот на декември.
Овој месец полета и десеттиот примерок на новиот авион-ловец на кој првпат беше вграден мотор од втората фаза.
Првите девет прототиповски летала користеше мотори од првата фаза 117С кои по својата конструкција се слични на моторот на ловецот Су-35.
Кога станува збор за новиот мотор, познато е само дека неговата излезна сила е значително зголемена, со зголемување на економичноста во потрошувачката на горивото, што севкупни му овозможува на авионот да лета со надзвучна брзина на крстарење без форсаж, односно дополнително вбризгување на гориво.
Претходно беше соопштено дека новиот Су-57 би можел да влезе во вооружувањето на Воздушно-космичките сили на Русија во 2018 година. Меѓутоа, очигледно е дека роковите ќе бидат поместени до конечно завршување на тестирањето, пренесува „Росијскаја газета“.
Најновиот руски ловец од петта генерација, како што се наведува во видеоматеријалот на телевизија „Ѕвезда“, може да напаѓа како копнени, така и воздушни цели, со дополнување дека композитните материјали сочинуваат 25% од тежината на празниот авион. Овој авион има четири пати помалку делови од Су-27. Благодарение на најновите радари може да ги „види“ целите подалеку од другите машини. Седиштето со катапулт може да го спаси пилотот на која било висина на летање, а во догледно време ќе може и самото да донесува одлука за катапултирање.
Погледнете ги и ексклузивните снимки од првиот лет на Су-57 со нов мотор
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче