Медиуми: Русија може да му го продаде на Ирак противвоздушниот систем С-400

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Делегација на Министерството за одбрана на Ирак допатува во Русија каде ќе преговара за купување на ракетниот систем С-400 „Триумф“, пренесува арапската агенција „Ал Сура“.

Изданието потсетува дека ирачкото раководство уште во 2014 година имало намера да ги купи најновите руски ракетни системи, но до тоа не дошло поради војната против меѓународниот тероризам.

Ирак затоа почна да купува друг вид оружје, пред сѐ оклопна техника, воени возила и муниција. Меѓутоа, по битката за Мосул,

ирачката војска е повторно подготвена да преговара за купување на С-400, јавуваат медиумите.

„Ирак не сака да заостанува зад соседните држави кои поседуваат системи за противвоздушна одбрана, туку максимално да ја заштитите територијата на земјата и воените бази од напади од воздух“, пишува арапската агенција.

Руските медиуми потсетуваат дека минатата година Турција се согласи да ѝ плати на Русија 2,4 милијарди долари за два дивизиона на противракетниот систем С-400 и производство на уште два на територијата на Турција. Претходно единствен странски купувач на „Триумф“ беше Кина.

Исто така, Русија ќе ѝ испорача и на Саудиска Арабија системи С-400.