Според неговите зборови, прашањето за предавање на Турција на технологијата за производство на С-400 засега не се разгледува.
„Не се работи за тоа, засега се работи само за испорака на готово оружје, а не на технологија“, изјави Кожин.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави на почетокот на септември дека Анкара потпишала со Москва договор за набавка на С-400 и дека веќе е даден капар.
С-400 „Триумф“ е противвоздушен ракетен систем со далечен дострел кој влезе во експлоатација во 2007 година. Наменет е за уништување на авијација, крстосувачки и балистички ракети, вклучувајќи ги и оние со среден радиус на дејство, а може да се користи и против копнени објекти. Заменик-командантот на Воздушно-космичките сили на Русија Виктор Гумени соопшти пролетва дека во вооружувањето почнале да влегуваат ракети за С-400 кои се во состојба да уништуваат цели во поблиската вселена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче