Екипажите тренираа во Центарот за борбена обука и дообука на пилоти во Ејск. Од аеродромот полетаа ловци и бомбардери Су-30СМ и Су-24М со кои управуваа пилоти од Балтичката и Црноморската флота. Тие реализираа повеќе од сто контакти со танкерот Ил-78.
Пилотите на споменатите две флоти на аеродромот во Ејск со цел учество во вежбите за полнење на ловци и бомбардери со гориво во воздух долетаа од воздухопловните бази кои се наоѓаат во Калининградската област и на Крим. Таа одлука ја донесе началникот на морнаричката авијација на руската Воена морнарица генерал-мајор Игор Кожин.
Полнењето на гориво во воздух е задолжителен вид обука на пилотите кој од нив бара висок професионализам, сигурност во извршувањето на борбената задача, како и психолошка стабилност. Се работи за сложена операција. На висина меѓу две и осум илјади метри екипажите мораат да му се приближат на авионот Ил-78 и да извршат полнење на резервоарот движејќи се со брзина од 500 до 550 километри на час и држејќи растојание до дваесет метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче