Првата партија ловци од петта генерација Су-57 пристигнува во руската војска следната година

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Со договорот е предвидено првата партија авиони од петта генерација да им биде испорачана на руските Воздушно-космички сили во 2019 година, изјави раководителот на Обединетата корпорација за производство на авиони Јуриј Сљусар на маргините на Рускиот инвестициски форум.

Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација наменет за уништување на сите видови воздушни цели, на големи и мали растојанија, како и погодување на непријателски цели на копно и вода со преовладување на неговиот систем за ПВО.

Неодамна беше успешно изведен првиот лет на Су-57 со новиот мотор од „втората фаза“. Кон крајот на минатиот месец беа реализирани првите летови со оружје од нова генерација. Западните медиуми пишуваат дека рускиот ловец од петта генерација нема пандан во Америка и земјите-членки на НАТО.

Прочитајте повеќе: Анализа: Су-57 против F-22 Raptor. Кој би победил во хипотетичка воздушна борба?