Руските борбени оклопни булдожери добиваат нова заштита

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руските оклопни булдожери Б10М и Б12 ќе добијат противкумулативни заштитни решетки. Нив ги поставуваат стручњаците на Челјабинскиот тракторски завод.

Како што велат од претпријатието, тоа ќе биде дополнителна заштита. Булдожерите веќе имаат оклоп кој ја штити кабината, погонските елементи, резервоарот и другите системи на возилото. Тој овозможува човекот во возилото да се заштити не само од одрони, туку и од куршуми и шрапнели.

За разлика од странските модели, руските оклопни булдожери немаат странични решетки за циркулација на воздухот. Моторот се лади преку процеп меѓу кабината и моторот. А ограниченоста на видното поле поради малото предно непробојно стакло во целост се компензира со помош на видеокамери.

„Ние ќе ја продолжиме модернизацијата на нашата специјализирана техника. Планираме на оклопните булдожери да поставиме дополнителна опрема, работиме на дополнителни опции кои ги унапредуваат конструктивните параметри на возилата, вклучувајќи го и степенот на нивна заштита“, објаснува раководителот на одделението за специјализирана техника на Челјабинскиот тракторски завод Сергеј Гусјев.

Претходно инженерските сили на руската војска ја добија првата серија оклопни булдожери кои се проектирани имајќи го предвид военото искуство од Сирија.