Руски научници тестираат уникатен систем за комуникација под мраз за арктички услови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првиот на светот систем за комуникација под мраз го проектираат и тестираат научници од Далекуисточниот федерален универзитет (ДВФУ) заедно со колеги од Харбинскиот инженериски универзитет од Кина. Единствениот експеримент на полето на проучување на новата арктичка технологија е спроведен во заливот Новик на островот Руски.

Како што соопшти раководителот на експериментот, шеф на катедрата за изработка на инструменти на Инженериската школа на ДВФУ професор Владимир Короченцев, комуникацијата под мраз е најнов правец во современата хидроакустика, кој  има посебно значење за испитувањето и експлоатацијата на нафта и гас во арктичкиот регион.

„За да го освоиме Арктикот, најпрвин треба да се одомаќиниме во подрачјата со плитка вода. Во нив важат посебни физички и технички принципи на протегање на звукот“, истакнува Короченцев. „Движењето на звукот под мраз има свои специфични особини кои значително го менуваат сигналот, доаѓа до силно одбивање од мразот и од дното. Ширењето на еластичните бранови низ плитката вода е проблем за научниците во целиот свет. Поврзувајќи ги физичките методи на руските истражувачи со технологиите за обработка на информации на кинеските колеги ќе успееме да постигнеме значителен напредок во освојувањето на арктичката зона“.

Прочитајте повеќе за руските микророботи кои можат да работат под мразот на Арктикот