Во 2012 слојот на мраз на Арктикот е на најниското можно ниво до сега. Топењето на мразот им прави сериозни проблеми и на научниците. Затоа, тука е мразокршачот „Русија“, кој како и многу пати до сега притекнуваше на помош. Минатиот октомври „Русија“ пловеше ширум Северниот Пол за да пронајде одговарачка санта мраз за сегашната „СП-40“ (Северен Пол) научно-истражувачка станица, кога претходно во април 2012 цела станица „СП -39“ беше преместена на друга санта мраз.
Заради овие проблеми, Руската Влада донесе одлука да се изгради постојана платформа за научни истражувања, која според проценките ќе чини 56 милиони $. Новата станица треба да биде готова за 7 години.
Инаку, Русија има исражувачки станици на пловечките санти мраз од 1937 години и до сега таму поминале над 800 истражувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.