Руски инженер од Германија го нуди теренецот Partisan Kremlin за Путиновата претседателска колона

Partisan Motors
Германската компанија Partisan Motors чиј основач е инженерот од руско потекло Јуриј Постников претстави верзија на теренец предвиден за Гаражата со посебна намена на Федералната служба за обезбедување на Русија, која овој конструктор ја опреми со четири електромотори и генератор за полнење на акумулаторот во текот на патот.

Јуриј Постников, кој го осмисли теренското возило „Партизан Уан“ (Partisan One)  за кое дава гаранција од сто години, неодамна претстави верзија наменета за истражувања на Марс. Необичниот автомобил на овој конструктор, сега преработен за користење во претседателската автомобилска колона, доби оклоп и динамика на спортски автомобил.

Новото теренско возило е наречено Partisan Kremlin (Партизан Кремљ). За разлика од стандардната верзија, ќе има поголем број на тркала, ќе биде блиндиран, ќе има штитник во форма на латинично V, со што се обезбедува заштита од експлозија на мина, а нема да изостане ни воздушната суспензија.

Автомобилот има четири електромотори, на секое тркало по еден. Ги напојува блок акумулатори кои се полнат со помош на турбогенератор. Динамичките карактеристики на теренецот Partisan Kremlin производителот не ги наведува, но најавува динамика на спортски автомобил, дури и во блиндираното издание, според највисоки стандарди.

Прочитајте повеќе: Арапските шеици наскоро ќе можат да се возат во „Путиновите автомобили“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња