Ученици од Подмосковје открија остров во Арктикот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Децата го забележале новиот остров гледајќи сателитски снимки на архипелагот Нова Земја.

Артјом Макаренко и Валерија Сајенко разгледувале снимки од руски и европски сателити. Островот со должина од 780 и ширина од 410 метри сега го проучуваат и научниците. 

Утврдено е дека островот настанал минатиот декември кога се растопил глечерот кој го спојувал со поголемото копно. Островот засега нема име, а целата потребна документација за него е веќе испратена во Руското географско друштво. 

Прочитајте повеќе: Русија контролира сѐ поголем дел од Арктикот