Руски научници на Арктикот открија тајна нацистичка база

Нацистите ја отвориле базата на Арктикот во 1943 година, а ја напуштиле летото 1944.

Руски научници на Арктикот пронајдоа тајна база на нацистите која е напуштена при крајот на Втората светска војна.

Објектот „Ловец на богатство” (Schatzgraber) е пронајден на растојание од околу илјада километри од Северниот пол, на рускиот остров Земјата на Александар.

За тоа дека некогаш во базата се наоѓале војници на Третиот рајх сведочат околу 500 откриени предмети. Помеѓу другото, од урнатините се извлечени канистри за гориво и документи за бункерите, пренесува „Дејли Експрес“.

Се наведува дека нацистите ја отвориле оваа база во 1943 година, а дека летот 1944 го напуштиле објектот. Освен метеоролошка база, Германците на ова место изградиле и пункт за снабдување на подморници.

На Арктикот во август беше откриена и напуштена американска воена база.

Видеото можете да го погледнете овде.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња