Леден брег
Global Look PressСтручњаци на руската нафтена компанија „Роснефт” успеаја да одвлечат санта мраз тешка преку еден милион тони. Тоа е најголемиот леден брег во историјата на Русија чиј правец на движење е успешно променет. Ова го соопшти потпретседателот на компанијата „Роснефт” Андреј Шишкин, пренесува РБК.
При влечењето на ледениот брег, според Шишкин, применет е „уникатна технологија за промена на траекторијата на движењето на санти мраз“. Тој за споредба наведе дека масата на ледениот брег кој го потопи бродот „Титаник“ е проценета на околу 74 илјади тони. Според различни податоци, неговата маса била 420 илјади тони кога се одвоил од леденото тло, но при движењето брегот полека се топел.
Компанијат „Роснефт” минатата година спроведе арктичка експедиција со цел делување на санти мраз заради промена на правецот на нивното движење и спречување судири со нафтена платформа, објасни стручњак на оваа нафтена компанија кој учествуваше во организацијата на експедицијата.
За време на експедицијата стручњаците со помош на ехолот (звучен длабинометар) ги мерат големината и масата на надводниот и подводниот дел на ледениот брег. На движењето на санта мраз може да се влијае со помош на специјални јажиња и мрежи со кои мразот се врзува за мразокршачи и други бродови и на тој начин се поместува.
Стручњакот истакна дека на 10 септември почнала уште една експедиција за истражување на движењето на санти мраз и влијанието врз нив. Таа ќе трае 40 дена.
Компанијата „Роснефт” од 2013 до 2017 година реализираше седум експедиции на Арктикот. Во септември минатата година беше најавено дека „Роснефт” во рамките на експедицијата „Кара-лето-2016” ќе примени технологија за промена на правецот на движење на ледени брегови. Во експедициите учествуваа мразокршачот „Капетан Драницин” и научноистражувачкиот брод „Академик Трешников”.
Руски мегафабрики: Уникатни нуклеарни мразокршачи
Екстремен поларен студ: Како Русите опстануваат во неверојатните климатски услови?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче