Се работи за морското „беспилотно“ пловило кое кон крајот на јануари го доби научноистражувачката управа на Воената морнарица на САД, соопштува изданието „Национален Интерес“. Како што веќе соопшти порталот РГ, над овој систем се работи од 2010 година во рамките ан проектот ACTUV, во соработка со Агенцијата за перспективни одбранбени проекти и научноистражувачката управа на Воената морнарица на САД.
Роботот го доби називот „Морски ловец“. Долг е околу 40 метри и може да развие брзина од 27 јазли. Неговата најголема предност во однос на традиционалните разурнувачи е релативно ниската цена за експлоатација.
Секојдневното опслужување на автономниот брод (без екипаж) ќе ја чини Воената морнарица на САД 15-20 илјади долари, додека разурнувачот секојдневно троши околу 700 илјади долари.
Американските експерти сметаат дека „Морскиот ловец“ веќе годинава може да биде ставен во експлоатација на Воената морнарица на САД. Покрај тоа, американската воена морнарица во декември минатата година склучи договор за развој на втор автономен брод со прелиминарен назив „Морски ловец 2“.
Руските стручњаци, меѓутоа, се сомничави кога се работи за мислењето на прекуокеанските експерти, пред сѐ затоа што руските тивки дизел-електрични подморници постојано се усовршуваат.
На пример, руската подморница од Проектот 636.3 „Варшавјанка“ НАТО сѐ уште ја нарекува „Црна дупка“, затоа што е незабележлива. Но најновите дизел-електрични подморници од Проектот 677 „Лада“ се уште потивки.
Тие се конструирани од петербуршкото Централно конструкторско биро за поморска техника „Рубин“, а изградбата на првите подморници „Санкт Петербург“, „Кронштат“ и „Великие Луки“ му е доверена на бродоградилиштето „Адмиралтејские верфи“.
Како што претходно соопшти генералниот директор на „адмиралитетското” бродоградилиште Александар Бузаков, подморницата „Лада“ е според незабележливоста и тивкото движење подобра од „Варшавјанка“ благодарение на современиот антисонарен слој од надворешната страна на трупот и користењето на нови технологии и материјали, како и на усовршениот сонарен систем, пренесува порталот rg.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче