Како новите нишани ја зголемуваат борбената способност на руските ловци

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новите нишански системи ќе ја зголемат борбената способност на авијацијата на Воздушно-космичките сили на Русија, соопшти заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Јуриј Борисов.

Борисов го изјави  ова во Екатеринбург при посетата на заводите на Уралскиот оптичко-механички завод кој спаѓа во составот на „Ростех“. Ова претпријатие произведува оптички локациски системи за борбени авиони и оптички електронски системи за хеликоптери. Инструментите и системите влегуваат во состав на опремата на авионите Сухој, МиГ, Туполев и хеликоптерите Ми и Ка со различни модификации. Како што рече заменик-министерот Борисов, првата фаза од проектот за зголемување на дометот на нишанот е веќе реализирана.

„Денес борбените можности на авијацијата се дефинирани од оптичко-електронските нишански системи и ласерските мерачи на растојанието. Затоа стручњаците ги интересираат прашањата од дометот на детектирање и идентификување на објекти, како и прецизноста на добиените координати. Затоа што од тоа зависат карактеристиките на крајните производи“, коментираше Борисов.

Тој додаде дека проектот е веќе тестиран на руската авијација во Сирија.

Нишанскиот оптичко-електронски систем му ги обезбедува на екипажот сите потребни информации за водење на борбени операции. Неговите главни предности се: моментална информација за локацијата на непријателското летало како и можноста за стрелање дури и во случај кога објектот се наоѓа надвор од зоната на видливост и на големо растојание.

Погледнете ги руските авиони како летаат високо на минусни температури