Ан-22 „Антеј”
Виталиј В. Кузмин„Овa е планска обука, низ неа поминуваат сите кандидати за капетани на леталата. Мораме да умееме да летаме и таму каде што не постојат аеродроми. Транспортните авиони можат да слетуваат и полетуваат од снежни, земјени и тревни површини. Треба само да се умее“, изјави командантот на воената транспортна авијација Владимир Бенедиктов.
Распонот на крилата на четворомоторниот „Антеј” е 64 метри, нормалната маса во лет му изнесува 160 тони. Ова грдосија може да слета и таму каде што не може да пројде ни автомобил. Повеќеосовинскиот трап му овозможува да слета на неподготвена површина, а брзината не ја намалува со помош на сопирачките, туку со помош на моторите.
Кога авионот ќе ја допре земјата, моторите со вкупна сила од 61 илјада коњски сили почнуваат да се вртат наназад: лопатките на пропелерите ја менуваат положбата и пропелерите го запираат Ан-22.
„При полетување и слетување на неподготвени терени е потребно многу глатко и прецизно да се управува со командите, особено со предните тркала. Уште една специфичност е во тоа што авионот не стои во место. Штом вклучи режимот за полетување тој практично тргува веднаш“, изјави командирот на „Антеј“ Сергеј Першин за телевизијата „Ѕвезда”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче