Видео: МиГ-31 пресретнува „противник“ во стратосферата

Виталиј В. Кузмин
Министерството за одбрана на Русија објави снимка од вежбите на пилотите на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота. Пилотите увежбуваа пресретнување на замислен противник во стратосферата.

Снимката е објавена на „Фејсбук“ профилот на Министерството за одбрана на РФ. Прикажани се полетувањето и слетувањето на авиони МиГ-31 и нивната активност во воздух. 

Вежбата е одржана на Камчатка на висина од околу 20 километри. МиГ-31 на висина од 14 километри при брзина од повеќе од 2200 км/ч најде, стаса и со ракета ја уништи воздушната цел.

Прочитајте повеќе: Стратешките бомбардери на РФ ќе летаат во стратосферата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе