Во понудата се три комплета. Први чини само 290000 рубли (4000 евра) и опфаќа рамка со безбедносна кабина, елементи на системот за потпирање, педали, волан и осовини. Ваквата варијанта ќе им одговара на оние ентузијасти кои сакаат да го добијат рускиот спортски автомобил „Шорткат” кој самиот ќе го довршат и прилагодат на своите желби.
Вториот комплет покрај горенаведените елементи содржи и пластични делови од каросеријата, систем за кочење, ковани фелни и полумазни гуми. Оваа варијанта чини 600000 рубли (8400 евра).
Најскапиот комплет чини 950000 рубли (околу 13300 евра) и ги опфаќа сите потребни делови, вклучувајќи ги и ентериерот и моторот. Моторот за „Шорткат” потекнува од моделот Granta Sport кој има 184 коњски сили ако користи бензин со октански број 98, а 194 коњски сили ако користи спортско гориво. „Стотка” крева за 4,5 секунди, а максималната брзина му е 240 километри на час.
Секој „конструктор” со комплетот добива видео упатство за склопување на „Шорткатот”, а во случај муштеријата да наиде на тешкотии, стручњаците на компанијата DK Racing ќе го посоветуваат телефонски или ќе дојдат на местото за да го забрзаат процесот на монтажа.