„Лудиот Макс“ на руски начин: Необично теренско возило се појави во Сибир

Аноним 03
На улиците на градот Улан Уде во источен Сибир е забележано необично теренско возило, конструкцијата по сѐ изгледа е склопена од делови на различни автомобили. Фотографиите веднаш почнаа да се шират по интернет предизвикувајќи мноштво коментари.

Фотографиите од несекојдневното превозно средство прва на социјалната мрежа Вконтакте ги објави групата „Аноним 03“. Снимени се во квартот број 102.

Предниот дел на автомобилот поради специфичната боја на кабината изгледа како воен теренец, а земен е од возилото ВАЗ-2106. На социјалните мрежи се шегуваат дека на улиците на Улан Уде се движи автомобил од филмот „Лудиот Макс“. Треба да се каже дека недоумицата како припадниците на сообраќајната полиција реагираат на појавата на чудното возило остана нерешена.

Прочитајте повеќе: Русин од „Лада Нива“ направи „монструм” возило

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња