

Јушков подготвува чај по возењето кон ловечката куќа покрај реката, која сам ја изградил во далечно подрачје на тајгата.
Reuters/Илја Најмушин
Александар Јушков (49), вработен во котларницата во локалното рударско претпријатие, живее во оддалечено подрачје на тајгата, околу 60 км југоисточно од сибирскиот град Краснојарск.
REUTERS/Илја Најмушин
Јушков самиот направи теренско возило за тајга кое може да се користи во сите временски услови така што го преработил и реконструирал советскиот мотоцикл „Иж Планета“.
REUTERS/Илја Најмушин
Јушков преправа гуми од камион за да ги монтира на своето возило. Патем кажано, меѓу 1973 и 1979 година, „Иж“ беше еден од производите кои SATRA ги продаваше на пазарот на Обединетото Кралство под називот „Козак мотори“. Тоа е, во основа, моделот „Планета“.
REUTERS/Илја Најмушин
Краснојарскиот крај се протега од југот на Русија до брегот на Арктикот. Просечната температура во јануари изнесува -36°C на север, а -18 °C на југот. Централната област на Краснојарскиот крај е покриена со снег од почетокот на ноември до крајот на март.
REUTERS/Илја Најмушин
Александар го вози својот „Боливар“ по должината на заледената река Мана. Големите меки внатрешни гуми имаат и важна еколошка функција: не ги уништуваат почвата и растенијата.
REUTERS/Илја Најмушин
Прочитајте за уште еден „домашен“ теренец, направен од „Лада Нива“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче