Новиот кросовер УАЗ-3170: Kia Sportage и Nissan Qashqai добиваат сериозна конкуренција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Без оглед на молкот од Фабриката за производство на автомобили од Улјановск, инженерите на оваа компанија активно работат на новиот проект на кросоверот 3170, како што неофицијално е наречен новитетот.

Според пишувањето на низа руски автомобилски гласила, возилото ќе се појави на пазарот во 2022 година. Доколку сѐ оди според планот, во УАЗ очекуваат нивниот новитет да биде сериозна конкуренција на популарните СУВ автомобили како што се KIA Sportage и Nissan Qashqai.

Според првите информации возилото наместо класична шасија која се користи во овој момент за сите модели на познатата руска марка, ќе има самоносечка каросерија, а димензиите на кросоверот ќе бидат: должина 4600 мм, меѓуоскино растојание - 2700 мм и клиренс 200 мм.

Новиот градски УАЗ кросовер би можел да добие бензински мотор со запремнина од 2,5 литри со 150-170 коњски сили.  Покрај тоа, се слуша дека во развојот на УАЗ 3170 ќе земат учество и инженери на „Форд“ по договор со „Соллерс“.

Засега ова се единствените познати детали во врска со првиот кросовер на УАЗ со самоносечка каросерија.

Прочитајте повеќе: УАЗ му одговори на Маск: На Марс руска „Буханка” ќе го шлепува „Тесла“