На интернет се појавија првите фотографии од новиот руски минибус УАЗ

Минибус УАЗ

Минибус УАЗ

RIA Novosti
Фотографии од новиот руски минибус беа објавени на социјалната мрежа „ВКонтакте“ во групата „Улјановски возач“ („Ульяновский водитель“).

Минибусот е направен врз база на шасијата на новиот комерцијален камион UAZ Profi. Како што истакнуваат локалните медиуми, фотографиите се направени во еден погон на Улјановската фабрика за автомобили. Минибусот исто така е виден на полигонот пред улјановскиот нано-центар. Таму беше приредена експозиција по повод заседанието на претседателството на Државниот совет за сообраќај посветено на развојот на патничкиот сообраќај во регионот.

Се очекува возилото официјално да биде презентирано пред претседателот на Русија Владимир Путин кој ќе ја води ова седница.

Фотографиите од новиот руски минибус се објавени на социјалната мрежа „ВКонтакте“ во групата „Улјановски возач“ („Ульяновский водитель“).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња